Годишната конференција „Година на нови можности“ што ја организира Владата продолжува со четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој-придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“. На него ќе говорат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора и Ленче Николовска, експерт за земјоделски политики и рурален развој и директорка на Консултантска фирма „Агротим“.


