Денес зборуваме како луѓе кои загубија нешто што никогаш нема да се врати, трагедијата што се случи во Кочани може да му се случи на секој. Ова не е политички повик, ова е повик за правда и човечност, почитувани пратеници бараме да покренете надзорна расправа во надлежна комисија, како и да формирате анкетна комисија во Собранието, истакнаа пред Собранието Наталија Ѓорѓиевска, сопругата на починатиот Андреј од ДНК.
Семејствата на загинатите бараат да се утврди вистината, каде се случиле пропустите, кои институции задоцниле, не спречиле нешто што требаше да го спречат.
– Ние останавме со сомнеж дека нешто остана сокриено, велат семејствата на загинатите кои бараат да се утврди и политичка и правна одговорност.
Низ солзи семејствата на загинатите бараат правда и гаранција дека уште едно семејство нема да ја преживее нивната болка.
Извор: Инфомакс.мк


