Започнаа хоризонталните ископувања во рамки на спасувачката акција на момчето Рајан (5) кое паднало во бунар длабок 32 метри во градот Шефшауен, Мароко, јави Агенцијата Анадолија.
Спасувачката операција трае веќе 76 часа, а по вертикалниот започна и хоризонталниот ископ, јавија медиумите во Мароко.
Во вторникот Рајан си играл во близина, кога низ тесната дупка, широка само 25 сантиметри, пропаднал во провалија длабока 32 метри.
Иако се работи за пад од високо, снимката од камерата спуштена во дупката покажака дека момчето е живо и свесно, иако имало полесни повреди на главата, a спасувачите му спиштиле храна, вода и маска за кислород.