Волф: Нашите конкуренти направија чекор напред на трката во Мајами, Мерцедес треба да одговори

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, зборуваше за пристапот на тимот кон претстојната Голема награда на Канада, потврдувајќи дека тимот подготвил неколку големи подобрувања на болидот.

-Нашите конкуренти направија чекор напред на трката во Мајами, а сега Мерцедес треба да одговори. Пред нас се седум Гран При трки во следните десет недели, по што шампионатот оди на пауза. Ова е добра можност да се врати формата и да се постигне силен настап. Мерцедес ќе го донесе своето прво големо подобрување на болидот во сезоната во Монтреал. Во исто време, разбираме дека перформансите на болидот можат да се реализираат само преку перформанси на патеката, изјави Волф.

Возачите на Мерцедес, Кими Андреа Антонели и Џорџ Расел се на првите две позиции во поредокот на Формула 1 шампионатот. Антонели собра 100, Расел 80 бодови.

Во пласманот на конструктори, Мерцедес има 180 бода, Ферари 110, Мекларен 94,… 

МИА

Најчитани вести