Еве, ќе се обидам да предвидам што ќе се случува во наредниот период во областа на образованието, па и со најавениот нов Закон за високо образование.
Прво, нема да има никаков нов Закон за високо образование. Тоа е приказна за мали деца. Ќе има само измени кои малку ќе отстапуваат од досега промовираните политики во образованието на Владата на Никола Груевски.
Второ, Министерството за образование (или Владата на Никола Груевски) ќе продолжи да работи УШТЕ ПОПОСВЕТЕНО И ПОАНГАЖИРАНО.
Ќе глумат дека многу работат, дека градат нови училишта, дека унапредуваат нешто, ќе измислуваат нови ГЕНИЈАЛНИ ПРОЕКТИ.
Трето, сето ова ќе создава привид дека нешто се реформира. Така беше и досега! Но, токму МОН (или Владата на Никола Груевски) е главниот виновник за лошите состојби во образованието. Владините решенија и популистички мерки направија масакр во основното и средно образование, ја уништија автономијата на универзитетот и постојано вршеа политички притисоци врз наставниците. Зошто би било и сега различно?
Четврто, нашите пари ќе се трошат уште повеќе и побезмилосно а договорите што ќе се склучуваат во образованието ќе бидат со плаќање тогаш кога ќе имаме Нова Влада. Со ова ќе се преземат финансиски обврски за исплаќања од 2016/2017 г. натаму. Ова ќе се прави намерно за да и се наштети следната Влада. Сигурно наскоро ќе се распише тендер и за оние најавени 300.000 таблет компјутери. Исто како со фрлените 67 милиони евра за неуспешпниот проект „компјутер за секое дете“! Ова мора да запре!
Петто, случувањата со државниот испит и Студентскиот пленум ги засенија другите, исто така, штетни законски решенија. Особено пакетот закони меѓу кои предлогот за Академија за наставници, за лиценците за наставници и за условите за менаџирање во училиштата, кои се полни со административни лавиринти и невозможни стандарди, со кои ќе се контролираат и заплашуваат вработените во образованието.
Не смееме да дозволиме Владата на Никола Груевски да продолжи да го уништува нашето образование!
Сите заедно мора да истраеме во борбата за автономијата на универзитетот, достоинството на наставниците и поквалитетно образование!
Фејсбук статус на Петар Атанасов


