Eкспозитураta на Уни банка во близина на Трговскиот центар Беверли Хилс во скопската населба Капиштец била цел на вооружен грабеж. Три вооружени лица одземале пари од вработените и избегале, по што инцидентот бил пријавен во полициската станица Центар. Еден од кадците испукал куршум, но за среќа никој не е повреден.
-На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.
]]>


