Вчера наутро воз управуван од Г.И (1964) удрил во К.Ж (1936) на излез од Маџари кон Трубарево. Старецот кој во моментот напасувал кози покрај пругата, починал на самото место.
Увид на местото извршила екипа на СВР-Скопје, а по наредба на јавното обвинителство телото е предадено на обдукција.
извор: Мета


