(Вознемирувачки фотографии) Русија го гранатираше родниот град на Зеленски

Најмалку четири лица загинаа денес во руски ракетен напад на Криви Рих, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на „X“.

„Има повеќемина повредени на кои им се пружа лекарска помош. Досега се загинати четири лица, сите цивили. Изразувам сочувство до семејствата и блиските на загинатите“, напиша Зеленски.

Нарекувајќи го „терористички напад“, украинскиот претседател потенцираше дека единствен начин да се спречат вакви напади е преку вршење притисок на Москва и рускиот систем од страна на партнерите САД, Европа и други земји.

„Ваквите руски терористички напади потврдуваат дека на Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана. Работиме со сите наши партнери кон исполнување на оваа цел и сме благодарни на сите кои ни помагаат. Благодарни сме на сите кои разбираат дека притисокот врз Русија и стабилната поддршка за Украина се неопходни“, вели Зеленски.

Најчитани вести