Вознемирувачко видео: Авионот се заби во пистата и експлодираше

Оваа несреќа со авион се случила минатата година во мај месец, но сега за првпат е објавено видеото на кое се гледа како авионот премногу брзо се доближил до пистата и не ги исфрлил тркалата.

Авионот паднал на пистата во Исланд. Во оваа нерсеќа загинале две лица. Падот е снимен од камерата во еден камион, што бил во близина на пистата.

Станува збор за авион на Итната помош, чиј што пилот Аксел Алберт Јансен ја преживеал несреќата, додека шефот на медицинскиот персонал и еден болничар загинале на местото на несреќата.

Авионот експлодирал многу брзо по падот, а причините за несреќата се уште се истражуваат иако постојат индиции дека станува збор за пилотска грешка. 

]]>

Најчитани вести