Во видеото се гледа како полицаецот Ту Тао ги игнорира молбите на локалните минувачи да го ослободат Флојд, или барем да му го проверат пулсот.
-Ќе му дозволите да го убие, прашува еден од очевидците. Друг сведок постојано бара да му проверат на Флојд било што, што го направиле дури кога брзата помош веќе го внесувала неговото тело во возилото.
– Брат, тој не се помрдна ниту еднаш, тој не мрда, вели упорно еден сведок во видеото.
За целото тоа време, Дерек Шовин ниту еднаш не го тргна коленото од вратот на Флојд и никој од останатите полициски службеници не се обиде да го запре.
-Ова е повеќе од вознемирувачко, па дури и е потешко да се гледа од првото видео. Ту Тао го чува грбот на Шовин кој го убива Џорџ Флојд, а сведоците се обидуваат да се борат за правдата и за животот на Флојд, напиша адвокатот Бен Крамп на својот профил на Инстаграм над објавеното видео.
-Сите четворица полицајци мора да бидат осудени за убиство, сите да одговараат, заклучи тој.


