(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Преку прозор проба да си ги земе заборавените клучеви дома, но обидот беше фатален

Маж(52) со потекло од Еквадор кој живеел во шпанскиот град Аликанте загина паѓајќи од зграда.

Човекот наводно ги заборавил клучевите во станот и ја затворил вратата, а неговиот план бил да влезе дома преку прозор.

Соседот му помогнал и човекот заврзал јаже за кровот.

Шокантната снимка е снимена од станот од соседната зграда и покажува како маж се спушта од врвот на зградата.

Одредено време се чинеше дека е се во ред и дека ја држи под контрола ситуацијата. Дојде до првиот балкон успешно, но потоа таман кога стига до својот прозорец изгуби рамнотежа го пушти јажето и падна.

Најнови вести

Најново од Видеа

Најчитани вести