Најмалку четири лица се убиени за време на вчерашните судири меѓу приврзаниците на претседателот Доналд Трамп и полицијата, а на социјалните мрежи е објавено видео од пукањето во, засега, единствената позната жртва.
Ешли Бебит, ветеран на американското воено воздухопловство од Сан Диего, била застрелана во моментот кога приврзаниците на Трамп се обиделе насилно да влезат во Конгресната сала.
Моментот во кој бил испукан смртоносниот истрел е снимен од камера, а снимката се шири на социјалните мрежи.