(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Убиен светскиот шампион во дигање тегови Андреј Драчев

Светскиот шампион во дигање тегови, Андреј Драчев, почина како последица од повредите здобиени во улична тепачка во рускиот град Хабаровск.

Него вчера наутро пред еден кафе-бар го претепа ММА борецот Анар Алакверанов.

Како што пренесуваат руските медиуми, до пресметката дошло кога двајцата учесници во алкохолизирана состојба се расправале кој спорт е посилен, дигање тегови или ММА, па одлучиле со тепачка да ја решат дилемата.

Драчев бил совладан и паднал на земја, а потоа додека лежел добил смртоносни удари.

drachev

Алакверанов подоцна бил уапсен од руската полиција.

Најчитани вести