Вреди навредени од препораката на министерката Јаневска да зборуваат на македонски јазик

ВЛЕН и порача на министерката за образование Весна Јаневска да не се фрустрира поради нејзиното елементарно непознавање на албанскиот јазик и таквиот нејзин пристап го гледаат со жалење.

Ова доаѓа по   вчерашниот настан на кој министерката присуствуваше заедно со тетовскиот градоначалник Билал Касами и од него бараше да говори на македонски за да може да го разбере  на што денеска експресно од Вреди се јавија со реакција преку допис до јавноста . 

–  Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик. Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции, велат од Вреди.

ТВ 24 побара став и од ВМРО-ДПМНЕ . Од таму само кратко се повикаа на македонското законодавство.

– Потребно е да се почитува Законот и тоа не е фрустрација туку почитување на Законите во Македонија, порачаа од ВМРО ДПМНЕ.

Овие реакции доаѓаат откако вчера на настанот на кој присуствуваа Јаневска и Касами при одговорите на прашањата кои беа наменети за градоначалникот министерката инсистираше да се говори на македонски  за да може да ја  разбере дискусијата меѓу новинарите и градоначалникот.

По ова Касами следните прашања почна да ги одговара на македонски јазик . Но од неговата партија денеска не пропуштија прилика јавно да упатат критика на адреса на министерката.

извор: 24.mk

Најчитани вести