Вучиќ по средбата со Курти во Брисел: Ова не е крај на светот

Во Брисел заврши трилатералната средба меѓу српската делегација предводена од претседателот Александар Вуќиќ, косовската делегација предводена од премиерот Албин Курти и посредниците на ЕУ Жозеп Борел и Мирослав Лајчак.

-Состанокот заврши неуспешно. Србија го прифати компромисниот предлог на ЕУ, но Курти не сакаше да го прифати и средбата заврши – изјави по средбата Вучиќ.

Тој појасни дека „компромисот значеше дека прво треба да утврдиме дали процесот околу ЗСО е веродостоен, па потоа да видиме кои се нашите обврски, но другата страна не го прифати тоа“, изјави Вучиќ.

– Србија го прифати предлогот, другата страна не го прифати – додаде Вучиќ.

Вучиќ, исто така, истакна дека сега има 50 пати повеќе инциденти во Косово отколку во било која претходна администрација во Приштина.

„Ова не е крај на светот. Сигурно ќе се слушне кој е заслужен, кој е одговорен… Она во што сум сигурен е дека мора да продолжиме да разговараме“, рече тој.

 Јасно е дека Курти избегнува да формира ЗСО и тоа е суштината на се. Србија не бега од обврските, но рековме, не само ние, туку и ЕУ – каков е распоредот и како работите мора да се одвиваат и нивниот предлог, и покрај тоа што не е лесно за нас, прифативме, а Курти одби и така се заврши сè, изјави Вучиќ.

-Разговарав синоќа со (  специјален претставник на САД за Западен Балкан Габриел) Ескобар и со сите, дека најдобро решение во врска со изборите на северно Косово е градоначалниците да дадат оставки, оти сите останати идеји за распишување петиција и се останато е измислено за да се избегне суштинскиот процес за тие избори, кажа тој.

-Го покренавме прашањето за нелегална експропријација, иселување на Србите од српските институции од нивните работни места, Курти ќе треба да одговори на прашањето за експропријација, а јас не верувам во тоа, додаде Вучиќ.

Како што рече, очигледно е дека времето пред нас не е лесно.

-Србија напорно се трудеше и беше многу конструктивен, сериозен и одговорен партнер на меѓународната заедница. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во иднина, изјави Вучиќ за новинарите.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести