Српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан „ја разгледал актуелната ситуација во однос на енергетската безбедност, како и следните чекори за стабилизирање на ситуацијата во таа област“.
„Исто така, ги разгледавме плановите за развој на регионални мрежи за транспорт, складирање и прием на енергија, имајќи го предвид приоритетното значење на стабилното снабдување со енергија за двете земји“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој напиша дека е благодарен на Унгарија и премиерот Орбан што се „доверлив партнер на Србија во овие тешки времиња“.
Посочи дека со Орбан ја разгледале и „позицијата на Србија на европскиот пат, како и геополитичката ситуација, со посебен осврт односите меѓу Украина, Русија и ЕУ“.
МИА


