Вукоичиќ: Тешко е да се издржи кога се игра на два тешки фронта

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вчера доживеа нов пораз во Еврокупот на УЛЕБ. Во Скопје победа славеше ВЕФ Рига со 77:70.

Тренерот на „металците“ Влада Вукоичиќ вели дека е тешко да се игра паралелно на два тешки фронта.

– Со намалена ротација на играчи тешко е да се издржи кога се игра на два тешки фронта. Некои играчи имаат преголем товар врз себе. Заморот и повредите стануваат главна причина за поразите. Не сме одиграле два натпревара во ист состав. Сега се повреди и Чековски, посочува Вукоичиќ.

На листата на повредени кај македонскиот првак пред овој натпревар беа и Огнен Стојановски и Никола Оташевиќ. Ова беше трет пораз во серија за МЗТ Скопје Аеродром во двете натпреварувања АБА лигата (Задар) и во Еврокупот (Уникс и ВЕФ Рига).

Следниот натпревар в сабота во Скопје, македонскиот првак го игра против Игокеа во рамките на 9.коло од АБА лигата.

Најчитани вести