За брзо возење казнети 190 возачи на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 190 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 100 надвор од населено место. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника