За да се спречи ризикот од труење дали е доволно месото да се измие со вода?

Суровото месо, живината и рибата може да се контаминираат со штетни бактерии и вируси кои доведуваат до труење со храна. Американскиот центар за контрола и превенција на болести предупредува дека миењето на месото со обична вода не ги отстранува патогените кои се пренесуваат преку храната. Всушност, ова дури може да претставува дополнителен ризик по здравјето бидејќи бактериите се шират на други површини и храна што ќе се јаде сирова, како овошје или салата.

Истражувањата покажаа дека плакнењето на производите од месо со оцет или сок од лимон го намалува бројот на бактерии во споредба со плакнењето со вода. Секогаш треба да имате на памет дека површината на која го спремате месото треба да биде чиста и до крај да го готвите на висока температура.

Најчитани вести