На подрачјето на Град Скопје во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.
Од нив, три се со последица материјална штета, пет со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и двајца возачи на мотоцикли.
Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда. Едната се случила во 16 часот и 20 минути на ул. „Р. Радосављевиќ“ помеѓу мотоцикл и велосипед. Како последица од несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди. Втората е железничка несреќа која се случила во 16 часот и 30 минути на железничката пруга Скопје – Косово, во близина на надвозникот во Шуто Оризари во која што со тешки телесни повреди се здобил пешак од Скопје.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира пет возачи кои не отстапиле предност на минување на пешаци на обележан пешачки премин, пет пешаци, седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас, шест возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото и шест возачи кои ги управувале возилата со измината важност на сообраќајната дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 77 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
]]>


