Дрена де Ниро, најстарата ќерка на холивудскиот актер Роберт де Ниро, му го честиташе 81-от роденден на нејзиниот татко со неколку кадри на нејзиниот профил на Инстаграм.
„Среќен 81 роденден на татко ми и првата личност која е подготвена да направи се за мене. Те сакам со целото срце“, напишаа таа во објавата.
Со овие зборови таа објави фотографии од детството, но и видео на кое се гледа како актерот скока од јахта во океан, што воодушеви многу фанови.
„Ти си луд. О, Боже. Добро си?“ – се слуша од видеото што го објави Дрена, а Де Ниро одговара потврдно. Холивудската ѕвезда скокнала од јахтата од висина околу 11 метри.


