За само 3 километри „успеал“ да го удри новото Ферари, полицијата го „пофали“ на Твитер

Луксузниот спортски автомобил, Ферари 488, бил единствениот учесник во сообраќајна незгода што се случила во англискиот град Дерби.

Фотографија од удрениот автомобил е објавена на Твитер од полицијата во Дербишир.

„Возачот утринава си купил ново Ферари и по неполни три километри да го удрил. Во незгодата нема повредени – се наведува во соопштението на сообраќајната полиција на Дербишир.

https://twitter.com/DerbyshireRPU/status/1509878389900988427

Портпаролот на полициските медиуми изјави дека полицијата добила повик од итната помош нешто пред 11 часот. Во судирот учествувало само едно возило. Никој не е повреден.

Возачот не е уапсен, а автомобилот е однесен на поправка.

По објавувањето на фотографијата, многумина помислиле дека полицијата прави првоаприлска шега, бидејќи соопштението е објавено на 1. април. Но, во коментар администраторите дообјасниле дека не се работи за шега.

]]>

Најчитани вести