За шест часа во акциска контрола на СВР Тетово откриени 18 возачи под дејство на алкохол

Во најновата акциска контрола на возачите дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол од 22 до 4 часот утринава сообраќајните полицајци при СВР Тетово откриле и санкционирале вкупно 18 возачи. Во тетовскиот регион биле откриени 14 додека на гостиварско подрачје четири.

-Кај најголемиот број 10 од нив, биле измерени до еден промил алкохол во организмот, односно крвта, а кај двајца до два промили алкохол. Сите возачи – прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, на 13 времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои за овој вид прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.СВР Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, бидејќи алкохолот ја намалува нивната способност за нормално и безбедно управување на возилата, а со тоа ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

При контролата, исто така, биле санкционирани и 29 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-13).

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува возачите задолжително да користат зимска опрема, но и да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно ако патуваат кон Попова Шапка, Стража и Маврово. На тој начин, според портпаролот,  возачите непосредно ќе придонесат за поголем ред и безбедност во сообраќајот на подрачјето и за намалување на сообраќајните несреќи со посериозни последици.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника