За сите вие кои ме прашувате до кога ќе трае окупацијата

фото: Бриф.мк/Илин Николовски

За сите вие кои ме прашувате до кога ќе трае окупацијата. -Не знам.

Би сакала никогаш да не мораше да се случи. Мислите дека ние вака си ја замислувавме младоста? Спиејќи по факултети, на душеци и во вреќи за спиење, на ладно, јадејќи храна донирана од нашите родители, пријатели, солидарни граѓани.. организирајќи алтернативни предавања, изложби, бојкот на настава итн

Жал ми е што живееме во недемократска држава, па ваквите методи ни се единствен начин да се избориме за правда, за автономија, за слобода!

фото: Бриф.мк/Илин Николовски
фото: Бриф.мк/Илин Николовски

Ако мислите дека тоа што има окупација е лошо затоа што се губело од редовните предавања, изгледа НЕ СТЕ СВЕСНИ КАКВА ИДНИНА ВЕ ЧЕКА И ГИ ЧЕКА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ доколку не се укинат новите законски измени за високо образование.
Пленумците се студенти со развиена свесност, граѓанска одговорност и солидарност.Ова што ние го правиме е борба за спас на универзитетот кој треба да биде матрица на образовани слободни умови, а сакаат да го направат матрица на полуписмени безрбетници.

Нашето барање е едноставно: САКАМЕ НОВ ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЧИЕ СОСТАВУВАЊЕ ЌЕ УЧЕСТВУВАМЕ И НИЕ СТУДЕНТИТЕ!

Нашиот тим е подготвен! Ајде да направиме нов закон кој НАВИСТИНА ќе ги реши проблемите во ВО и студентскиот стандард! Овој кој си го изгласавте во 3 сабајле ви е грд исто како фасадата и нема да ви помине оти ние не сме експериментални глувци! Нема така лесно да ви поминат лагите и манипулациите! Ние не гледаме сител.
Читаме книги и мислиме со свои глави!

Фејсбук статус на Елена Димитриева

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести