За стопанството обезбедени 44,1 милион евра преку трите бескаматни кредити на Развојната банка

Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица, информираат од кабинетот на вицепремерот за економски прашања. Оттаму додаваат дека  оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја одржат својата ликвидност во кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, кредитите се со каматна стапка од 0 проценти и грејс период до 6 или 12 месеци, кој за Ковид 1 дополнително се продолжи за три месеци.

До Владата, посочуваат, е доставен Извештај за исцрпеноста на бескаматната кредитна линија Ковид 3, од која се овозможени заеми на 2703 трговци-поединци и микро и мали компании, кои вработуваат вкупно 19.031  лица. Вкупниот износ на одобрени заеми изнесува 30,6 милиони евра. На повикот се пристигнати 3.282 кредитни барања од кои се разгледани 97 отсто. Од нив, се одобрени 2703 кредитни барања, додека за 489 кредитни барања е утврдено дека не исполнуваат најмалку еден од условите од Јавниот повик.

Најголем број на одобрени кредитни барања има од мали компании – 1422  или 53 отсто, потоа следуваат микро компании  1052 или  39 отсто, трговците поединци кои се 171 ил шест отсто и 58 занаетчии или два отсто.

СтруктураКредитни барања%
Мали трговски друштва1.42253%
Микро трговски друштва1.05239%
Трговец поединец1716%
Занаетчија582%
Вкупно2.703100%

Во однос на регионалната распределба, најголемиот број на компании се од Скопскиот плански регион, вкупно 878 или 32 отсто, по што следува Полошкиот плански регион со 392 компании или 15 отсто, вкупно 322 или 12отсто компании се од Југоисточниот плански регион, 303 компании или 12 отсто се од Југозападниот плански регион, 257 или 10 отсто се од Источниот плански регион, 270 или 10 отсто се од Пелагониски плански регион, 146 компании, односно пет отсто се од Вардарски плански регион, додека од Североисточен плански регион кредити добија 135 компании или 5 отсто.

РегионКредитни барања%
Скопски87832%
Полошки39215%
Југозападен30312%
Југоисточен32212%
Источен25710%
Пелагониски27010%
Вардарски1465%
Североисточен1355%
Вкупно2.703100%

-Бескаматните кредитни линии се покажаа како одлична алатка за премостување на кризата за микро, малите и средни компании, трговците поединци и занаетчиите, обезбедија нивна ликвидност и обртни средства, со што се помогна за зачувување на работните места. Со вкупните средства од над 44 милион евра, директно е поддржаната работата на 1.943 микро компании, 1.783 мали компании, 75 средни компании, 219 трговци поединци и 58 занаетчии, кои вработуваат 36.802 лица, стои во соопштението.

КРЕДИТНА ЛИНИЈАМикро компанииМали компанииСредни компанииТрговец поединецЗанаетчииВкупно компанииВработениФинансиски средства(мил. Евра)
КОВИД 15171751727/7366.5255,5
КОВИД 23741865821/63911.3258
КОВИД 31.0521.422/171582.70319.03130,6
ВКУПНО1.9431.78375219584.07836.80244,1

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести