Регионот Лацио, кој го вклучува и главниот град Рим, е вториот најнаселен регион во Италија.
Во рамки на иницијативата „Лацио со љубов“, одвоени се 10 милиони евра за ваучери до 2.000 евра, пари наменети за италијанските и странските двојки кои ќе ги користат услугите или производите од локалните угостители, агенции за организирање свадби, цвеќарници…
Сите свадби одржани помеѓу 1 јануари и 31 декември 2022 година ќе можат да конкурираат за овие пари кои можат да се искористат и за дел од трошоците за меден месец, услуги за фотографирање и свадбени забави.
Официјалната веб-страница на регионот вели дека се надева дека на овој начин ќе го поттикнат бизнисот во областа и ќе им помогнат на локалните добавувачи да се опорават од економските последици од пандемијата на „Ковид-19“.
Италија има една од највисоките стапки на смртност од Ковид 19 во светот и е една од првите земји што воведе карантин.
]]>


