Заев прв подаде рака за фер и демократски избори

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се „судрија“ за разни теми, почнувајќи од трагедијата во Тетово, еконимијата, корупцијата, пандемијата… а на крајот домаќинот Гоце Михајлоски, ги праша дали ќе си подадат рака за фер и демократски локални избори.

Заев рече дека ако сите сакаме подобра иднина, нормално е дека изборите што претстојат треба да бидат фер и демократски, а Мицкоски рече дека изборите ги организира Власта и таа треба да вети фер и демократски избори.

-Мора да се согласиме дека сепак, за граѓаните е најважна иднината. Да си подадеме рака за фер и демократски избори, истакна Заев и додаде дека ќе подаде рака за договор која Мицкоски ја прифати и
посака на изборите да има услови за фер и демократско изразување на граѓаните.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести