Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ.Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст.
Тие се нашите херои, а ние нивните поддржувачи.
Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината. Сите ние, Северна Македонија, НАТО, ЕУ, целиот демократски свет, стоиме исправени на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори.
Слава на Украина.
Фејсбук статус на поранешниот премиер Зоран Заев
]]>


