ТВ каналот ВИС јавува за тешка сообраќајна несреќа која денеска се случила на патот Струмица – Дабиле, во која загина 4-годишно дете од Босилово, а неговиот татко, кој управувал со возилото се здобил со телесни повреди. Според ТВ ВИС, од непознати причини, возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал во нивите.


