Западот се чини дека сериозно е настроен за раскинување на односите со Русија. Веќе е објавено соопштението за откажување на самитот Г8 и Русија-ЕУ.
Европската унија ги замрзнува билатералните официјални контакти со Москва, а САД воведуваат нови економски санкции против руски политичари и бизнисмени. Дали тоа на Западот му ветува дивиденда и кој на крај ќе биде губитник?
Доброволното приклучување на Крим на Русија, како резултат на слободно изразување на волјата на граѓаните на Крим, отвори врата на антируска хистерија на западниот свет. Покрај тоа, никој дури и не се обидува да аргументира, зошто едни како Косово, Шкотска, Фолкландите, можат да одржуваат референдуми, а другите во овој случај Крим, не смеат. Очигледно е дека до таа мера нелогичната и деструктивна позиција, предизвикана со вистинско беснило на политичките следбеници на Збигњев Бжежински: како ли се случи Русија првпат по повеќе децении да не изгуби, туку да добие, поточно кажано да го врати тоа што и припаѓа според историското право.
Колективниот Запад се однесува ирационално, слепо и беспоговорно се повинува на својот водач и газда Вашингтон. Секако дека тука не може да се зборува за никаква самостојност на европските политичари. САД изјавува дека Русија треба да очекува донесување на уште подрастични економски акции, кои ќе имаат значајно влијание на руската економија, координирани со сојузниците во ЕУ. Се разбира дека Москва презема и понатаму ќе презема возвратни мерки. А дали има резон за ЕУ и САД да почнуваат нов бран на студена војна, кон што води тоа?
По тој повод, професорот на претседателската Академија на народното стопанство и државна служба на Русија, Александар Михалјенко го изјави следново.
Откажувањето на самитот Г8 е неисплатливо за Русија, тоа е прашање за нејзиниот престиж. И истовремено тоа е удар за преостанатата седумка и за земјите кои се повикуваат на такви самити во својство на набљудувачи. Соработката на нашите држави е активна и обемна: тука, на пример, се прашања од безбедноста. Сега тие нема да се разгледуваат или ќе се разгледуваат без Русија. Меѓутоа, Москва игра огромна улога во решавањето на цела низа кардинални прашања, како што се иранската нуклеарна програма, сириската криза. Тешко дека сега овие проблеми ќе бидат решени и тоа ќе биде сериозна закана токму за безбедноста на западните држави.
Во целина, отсуството на дијалог и соработка меѓу Русија и Западот а приори нема да користи никому. Најмногу на Европјаните, кои зависат од испораката на руски гас. Слободно кажано, Американците кои иницириаат антируско расположение, овој проблем не ги погодува. Во оваа состојба Европа за нив е најобична монета за поткусурување, еден вид на алатка во борба за правото да бидат светски газди и главен полицаец. Претседателот Путин во својот говор на 18 март по повод влегувањето на Крим во состав на Русија, го стави под сомнеж ваквиот распоред на силите.
Се чини дека тој со тоа и предизвика во голема несоодветна и агресивна реакција на Вашингтон. Покрај тоа, постои огромен руски пазар за пласман и илјадници западни компании кои работат во Русија, што ќе биде со нив? Професорот на Факултетот по економија Олег Матвејчев смета дека Европјаните ќе ја потврдат својата прагматичност и дека работите ќе се сведат на организациони санкции.
Никој од нив никако не сака комуникациите за секогаш да се прекинат. Постојат низа прашања за кои се многу заинтересирани и од кои се многу зависни. И освен Русија, никој не може на нив да даде одговор. Меѓутоа, за жал Западот никогаш не излегол од состојбата на студена војна. И тоа што го гледаме денес, по ништо не се разликува од времињата на СССР, а и на Царска Русија.
]]>


