Дипика Падуконе е најплатената актерка на светот во 2016 година. Иако многумина не слушнале за неа, боливудската актерка оваа година заработила дури 96 милиони долари!
Луѓето кои се наоѓаат на листата „Луѓе со пари“ (People With Money) не заработуваат само од својата примарна професија, туку и од приватниот бизнис.
Дипика на својата сметка има 275 милиони долари, кои ги стекнала со вложувања во акции, недвижности, но и со договорите кои ги потпишала со козметичките и модните куќи.

Покрај тоа, актерката е сопственичка на синџир ресторани, неодамна лансираше своја вотка и парфем, а има своја модна линија. Исто така, оваа убавица е сопственик на еден фудбалски клуб.


