Ерика Харис и Арт Ван се млад пар кој се запознал и заљубил благодарение на социјалните мрежи. Тие сфатиле дека нивната љубов е вистинска и дека се сродни души набргу откако почнале да се допишуваат преку интернет, а неретко знаеле и да си праќаат и љубовни видеа кои самите ги снимале. Една телевизиска екипа го регистрирала нивното прво среќавање во живо.
Тие за првпат се среќаваат на аеродром, по што Арт ја запросува Ерика а таа без размислување прифаќа.


