Американските регулаторни власти ја затворија „Signature Bank“ со седиште во Њујорк, пренесува CNBC.
„Signature“ е една од најголемите банки во крипто индустријата со седиште во Њујорк, по големина веднаш до „Silvergate“, која минатата недела објави дека ќе се ликвидира.
Оваа банка е една од жртвите на актуелната криза на крипто-пазарот, поврзана со банкротот на „СВБ“.
Американските регулатори донесоа одлука да го спречат ширењето на банкарската криза со затворање на банката, која е главен доверител во крипто индустријата. Одделот за финансии, Федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување на депозити во заедничка изјава во неделата вечер соопштија дека ја затвораат банката.
Регулаторите на банката рекоа дека клиентите на Signature Bank имаат целосен пристап до нивните депозити, за да можат да си ги вратат парите. Сите ќе бидат обештетени.
„Сите штедачи на оваа институција ќе бидат обештетени, како во случајот со СВБ, така што даночните обврзници нема да сносат никаква загуба“, изјавија од банката.
Во меѓувреме, регулаторите ја затворија Банката на силиконска долина (СВБ), позната и како банка на технолошките стартапи, и ги запленија нејзините депозити, што е најголем пропуст на американска банка од финансиската криза во 2008 година и втор најголем досега. Овој потег дојде неколку дена откако институцијата објави дека има оперативни тешкотии.


