„Земјата на легендите“- авантури на 800 илјади квадратни метри

Импресивен тематски парк, распространет на неверојатни 800 илјади квадратни метри со над 50 тобогани на вода, стотици игри, базен со специјални ефекти за вештачки бранови, река за љубителите на рафтинг и песочни плажи со палми. Ова е најкусиот опис за „Земјата на легендите“, најголемиот забавен парк во Турција и една од најголемите туристички атракции во непосредна близина на Белек, на само 27 километри од аеродромот Анталија.

Адреналинскиот забавен парк вбројува содржини за посетители 7 до 77 години, долга шопинг улица со прекрасни кафулиња и ресторани, како и луксузен хотелски комплекс.

Во неоткриениот магичен свет како што го нарекуваат посетителите од целиот свет, можете да пливате со делфини или пак да гледате претстави со фоки, пингвини, тигри и други животни.

Една од најголемите атракции на паркот сепак е хиперкостерот висок 62 метри, на кој возејќи се до 115 километри на час, имате чувство дека го допирате небото. Посмелите, кои со отворени очи се возат на вртоглаво брзиот костер, можат да и се восхитуваат на панорамата на прекрасниот Белек.

Шопинг авенијата на „Земјата на легендите“ со капацитет за 4000 посетители, има специфична архитектура и неверојатен број на домашни и светски познати брендови. Целиот комплекс содржи дури 17 ресторани и барови меѓу кои и ултралуксузен ресторан со поглед на аквариум полн со ајкули.

Сè што треба да направите е да одлучите кој дел од бајката сакате да го доживеете во епската атмосфера на „Земјата на легендите“ и да ја откриете сопствената легенда.

М.И.

]]>

Најчитани вести