Земјоделците во вторник излегуваат на протести

Земјоделците во вторник излегуваат на протести во знак на револт поради неисплатените субвенции најавуваат блокада на неколку патни правци во земјава. Не отстапуваат од барањето за средба со министерот за финансии Кирил Миноски од кого сакаат одговор зошто не им се исплаќаат парите, објви ТВ24.

– Пробиени се сите максимално рокови. Земјоделците го изгубија трпението, бидејќи сезоната е во тек и почвата не може да биде обработена – изјави Зоран Борисов, Здружение на оризопроизводители.

Дел од земјоделците порачаа дека се заглавени во долгови и немаат повеќе трпение за чекање на парите.

– Бараме веднаш да ни ги исплатат субвенциите, зошто ние од тоа живееме. Ако тоа не се направи или си ја префрлаат топката, го повикувам трезорот да се отрезне и да не исплати – изјави Бедри Ајдари, земјоделец.

Исплатата на субвенциите е стопирана речиси седум месеци. Првично проблем беше Изборниот законик, па директорските смени во Платежната агенција, а сега блокадата е во Министерството за финансии. Дел од економистите сметаат дека министерот Миноски треба да дозволи исплата на субвенциите оти тие се предвидени во Буџетот.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести