Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер близу Тирана, почувствуван и во западна Македонија

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот бил на 23 километри североисточно од Тирана, на длабочина од шест километри.

Земјотресот е почувствуван и во Македонија, особено во западниот дел.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести