Најзгодниот српски политичар и претседател на српската Либерално -демократска партија , Чеда Јовановиќ (44) деновиве ужива во водите на Егејското море и со својата сопруга Јелена ја доживуваат својата втора младост.
Деталите од своите приватен живот ги споделува на социјалните мрежи , како што тоа го прават познатите светски шоубиз девојки и старлети.
Чеда на својот профил на Инстаграм објавил колаж од фотографии на кои се гледа како тој и неговата сопруга Јелена со која има 4 деца, се натпреваруваат кој има подобра фигура. Додека кај Чеда се истакнува набилданото тело, кај неговата атрактивна сопруга преку проѕирна маичка и се отцртуваат распуштените гради, рамниот стомак и долниот дел од костимот за капење.
И пред Чеда имало политичари кои не ја криеле својата љубов кон сопругите, но еротскиот набој во тие врски никогаш не бил толку експлицитно прикажуван како во случајот со Чеда и Јелена.


