Жан Тод повторно беше избран да го води управниот одбор на Ф1 ФИА (Féderation Internationale de l’Automobile), откако беше едногласно изгласан од 250 делегати на собирто на Генералното собрание во Париз во петокот.
Тод имаше еден ривал, Британецот Дејвид Вард, којшто ја повлече својата кандидатура минатиот месец бидејќи немаше доволна поддршка за неговата кампања.
Поранешниот тимски шеф на Ферари уживаше долга и успешна кариера во тимот сè до 2009 кога го победи Ари Ватанен во трката за наследник на Макс Мозли.


