Еден од најпопуларните музичари, Жељко Јоксимовиќ вчера одржа концерт за паметење во ексклузивниот хотел Маестрал во Пржн кај Свети Стефан.
За време на концертот расположението на публиката беше сјајно, а Жељко се трудеше максимално да им ја пренесе позитивната енергија пеејќи им ги своите нови и стари песни.

-Сега ќе направам нешто што досега не сум го направил – рекол Жељко со насмевка на лицето, па ја земал Јована за рака и заедно влегле во хотелскиот базен, каде што Жељко ја пееше “Нерадо“, а притоа ја држеше сопругата за рака.


