Жена прегазена на раскрсница во Прилеп

Во сообраќајна несреќа во Прилеп синоќа околу 22.20 часот животот го загуби 45-годишната прилепчанка Валентина Спасеска. Според портпаролот на СВР Битола, Магдалена Димитровска несреќата се случила на раскрскрсницата на улиците „Марксова“ и „Егејска“ пред спортската сала „Сонце“ во Прилеп.

Спасеска била на пешачки премин кога во неа удрил автобус ТАМ со прилепски регистерски таблички, управуван од 25-годишниот прилепчанец со иницијали И.В. Од силината на ударот и здобиените повреди Спасеска починала на самото место на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

prilep1

фото: Канал77

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести