Жените и економијата: Во очекување на ера на матријахатот

Редовите на доларските милионери до 2020 половина  ќе бидат составени оджени. До таков заклучок дојдоа експерти на британскиот Center for Economics and Business (CEBR). Сега уделот на жените изнесува само десети дел од списокот на најбогатите луѓе на планетата. Сепак експертите се уверени: дамите ќе можат да ги надминат мажите со подолгиот животен век, во одговорноста во водење на дејностите и посилната врска на десната и левата хемисфера на мозокот. Дали човештвото очекува ера на нов матријахат? На што се темели увереноста на експертите?

Прв фактор е светскиот пораст на бројот на разводи и склучување на договори за развод во корист на жените. А вториот е големиот просечен животен век на жените (80-81 година во однос на 76 години за мажите). Заклучоците на британските истражувачи ги поддржуваат и резултатите на други истражувања. Според последните податоци, бројот на младите жени за кои професионалната кариера е најважен животен приоритет, го надмина бројот на мажите кои размислуваат на ист начин.

Жените често на себе ја преземаат професионалната одговорност. Вложуваат половина помалку инвестиции, жените инвеститори се во состојба да извлечат за 20 отсто повеќе профит од мажите. Во последните 30 години просечниот приход на мажите пораснал за 0,6 отсто, а кај жените овој показател изнесе 63 отсто. Се истакнува дека врската меѓу десната и левата хемисфера на женскиот мозок, поточно приодот на жените на бизнисот во решавањето на проблемите е покреативен и по интуитивен.

Освен тоа, во секој случај во последно време жените искажуваат поголема желба за знаење, смета директорот на Центарот за практична психологија Сергеј Кључников. Жените се стремат кон нови знаења, нови навики. Ако почнеме да посетуваме некои курсеви, тренинзи, секаде во први редови се жените. Мажите не веруваат во ефикасност на таквата обука. Жените во таа смисла се многу попластични, поотворени за иднината. А светот постојано се менува, се менуваат технологиите, правилата на водење на играта, стратегиите. Треба да се каже дека британските научници не ја открија Америка. Напредокот на жените кон водството се бележи на првата деценија, вели директорот на Институтот за современи медиуми Кирил Танајев.

Тенденцијата на зголемување на улогата на жените во економијата и бизнисот е сеопшта. Таа ги опфаќа дури и муслиманските земји. Во целиот свет расте и образовното ниво на жените, сега на универзитетите студираат многу повеќе жени од мажи. Одамна живееме во општества каде жените на пример, во воспитувањето на мажите играат многу поголема улога од татковците. Улогата на жените во социјалниот, економскиот и општествениот живот расте во последните 50 години.

Сепак во последната деценија процесот многу е забрзан. Се повеќе позиции во раководење на големите корпорации и финансиските институции припаѓаат на жените, истакнува експертот на Институтот за современ развој Никита Масљеников. Ако денес погледнеме кој ги сменува директорите на големите корпорации, меѓу нив и во главни и во споредни улоги во голем број се талентирани бизнис жени. Тоа беше видливо уште во 2000 години, а по кризата од 2008-2009 година, тенденцијата се засили. Со што е поврзано тоа?

Освен хипотезите постои и реалност. Во многу економии, посебно тие во развој, осигурувањето на полова еднаквост во економијата и раководењето со корпорации и компании е важен извор на дополнителен економски раст. Денес најбогатата жена на светот, чие лично богатство се проценува на 30 милијарди долари, е голем акционер на козметичката компанија Лореал, Лилијан Бетанкур. Жените не се занимаваат само со финансии: жените управуваат со цели држави. На списокот на актуелни претседатели на империи се околу 20 женски имиња. Ако така продолжи и понатаму, дали човештвото го очекува нова ера на матријахат?

Експертите мажи во ист глас тврдат дека ништо слично нема да се случи. Максимално ќе биде воспоставена еднаквост на половите. Иако, кога дамите ќе се фатат за бизнис, одат до крај.

]]>

Најчитани вести