Жозе Мурињо доставува овошје и зеленчук и чека сезоната да продолжи

Тренерот на фудбалскиот клуб „Тотенхем“, Жозе Мурињо изјави дека би било добра идеја сезоната во Премиер лигата да се игра до крај.

Сезоната е скратена поради пандемијата на коронавирусот, а Мурињо во моментот не седи со скрстени раце, туку волонтира и храната од градината на Центарот за обука на „Тотенхем“, каде што се одгледува овошје и зеленчук за потребите на ресторанот на клубот, ја носи на оние кои се најпогодени од пандемијата. Иако е јасно колку фудбалот му недостасува, повеќе му недостасува нешто друго. Мурињо даде изјава за Скај.

-Би било добро за сите нас да ги одиграме последните девет натпревари во сезоната. Тоа би било добро и за фудбалот и за Премиер лигата. Ако играме пред празен стадион, би сакал тоа и да не значи дека ќе биде без публика. Ако се снима, тоа значи дека милиони луѓе сепак ќе гледаат. Па, ако излеземе на празни трибини, сепак нема да биде празно. Ми недостасува фудбалот, но повеќе ми недостасува нашиот свет, работите што секојдневно ги правевме. Фудбалот е само еден дел од мојот свет. Мора да бидеме трпеливи, ова е борба со која сите треба да се бориме – рече Португалецот.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести