Зидан потенцијален селектор на Франција

Медиумите во Шпанија јавуваат дека некогашниот најдобар светски фудбалер Зинедин Зидан би можел да седне на клупата на француската репрезентација.

Ова би се случило при евентуален неуспех на „триколорите“ во бараж-двомечот за Светското првенство против Украина.

Зидан во моментов работи како помошник на тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, а неодамна изјави дека се уште е рано да биде главен тренер и дека уште го учи тренерскиот занает.

И покрај ваквата изјава на „Зизу“ шпанските медиуми го посочуваат како прв кандидат за наследник на актуелниот селектор на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп. Секако условот е Франција да не избори пласман на Мундијалот во Бразил.

Најчитани вести