Сите силни умови, кратковидни аналитичари, борци за слобода и човекови права, новинари од сите калибри, уметници со здрав разум, професори ќутачи и умерени критичари на режимов , бивши пратеници на СДСМ ( они посебно) слободоумни граѓани , сите НИЕ , без исклучок ЗНАЕВМЕ дека имаме работа со режим кој една декада не застана додека ја плетеше мрежата на злото, сите знаевме дека симбиозата помеѓу мафијата и институциите е посилна отколку што бевме спремни да си прзнаеме со надеж дека не се сите мртви карактери во нив , сите знаевме дека се изнесени над пет буџети од земјава, знаевме дека имаат наши пари да купат се шупливоо што е со климав карактер и да создадат ѕид од неписмен народ на кој можат да му сервираат секаква националистичка и квази измислена приказна која ќе биде проголтана како чоколаден сладолед од поскапите, ЗНАЕВМЕ СЕ’ .
Знаејќи се’, поединечната трка по сопственото его на скалата на општествените НЕВРЕДНОСТИ пласирани како брендиран ум се сопна на сопствената суета.
Не успеавме да застанеме како ЕДИНСТВО со иста цел во секое време.
Епа сега е времето , кога е најтешко
Ако помагате со идеи и мислења пратете му ги лично нему, нема повеќе писти за парадаи на умови.
Ако не помагате барем не одмагајте.
Јас сакам ЕДИНСТВО на секој разумен и одговорен граѓанин кон сечиј живот еднакво како и кон сопствениот живот , кон животот на земјава, кон секоја одлука.
Му давам поддршка на Зоран Заев !
Фејсбук статус на Ивет Георгиева


