Норвежанката Мајкен Касперсен Фала го освои првото место и златниот медал во финалната трка на дисциплината брзо лизгање на 500 метри во женска конкуренција. Времето на олимписката шампионка беше 2:35.49 минути.
За двојна победа на Норвешка во оваа дисциплина заслужна е и Инквилд Флукштад Естберг која имаше второ најбрзо време. Таа со заостанување од 0.38 секунди зад победничката стигна до сребрениот медал.
Бронзата и припадна на словенечката натпреварувачка Весна Фабјан која спринтот го заврши за 2:35.89 минути.
Норвешка со новите две медали се првата земја на Олимпијадата во Сочи која има двоцифрен број одличија – вкупно 10, од кои по 4 златни и бронзени и две сребрени.
]]>


