На извлекувањето на групите одржано денеска во Виена македонскиот претствник во ЕХФ купот Зомимак М од Струмица ги доби ривалите од оваа фаза од натпреварувањето. Зомимак М е во Б групата со Монпеље, Скјерн и Спортинг.
Секако најзвучно име е поранешниот европски шампион (2003 година) тимот на Монпеље од Франција, каде главни ѕвезди се француските репрезентативци: Тиери Омејер (голман), Вилијам Акрамбе, Мишел Гигу, потоа интернационалците Вид Кавтичник, Јуре Доленец, Драган Гајич (Словенија), Фелипе Боргес (Бразил).
Данскиот тим Скјерн е добропознат за нашата ракометна јавност бидејќи во 2002 година во финалето од Челинџ купот го совладаа битолски Пелистер.
Третиот ривал Спортинг од Португалија во 2010 година го освои Челинџ купот, а во 2012 беше финалист во тоа натпреварување.
Распоред на групите:
ГРУПА А: Хановер, Адемар Леон, Луги, Чургои
ГРУПА Б: Монпелје, Скјерн, ЗОМИМАК М, Спортинг.
ГРУПА Ц: Пик Сегед, Татран Прешов, Нант, Кристијанстад
ГРУПА Д: Фуксе Берлин, Констанца, Шамбери, Спорта Хлоховец.
Натпреварите од првото коло ќе се играат на 8 или 9.февруари 2014 година.


