Зомимак М обезбеди пласман во групната фаза од ЕХФ купот

Ракометарите на Зомимак М од Струмица го остварија најголемиот успех во клупската историја, откако синоќа на домашен терен го победија данскиот тим Архус со 33:24. По победа со вкупен резултат 59:53 струмичани изборија пласман во групите од ЕКФ купот што ќе се играат напролет.

Во преполната сала „Парк“ Зомимак веќе на половина од првиот дел ја анулираа предноста на противникот од првиот натпревар (29:26). Во 16 минута водеше со 11:7, а на полувреме резултатот беше 18:13.

Најголемата предност на домаќините изнесуваше 10 голови разлика – 25:15.

Најефикасен со 13 голови беше Раде Стојановиќ, а Игор Павловски постигна 6. Кај гостите најпрецизен беше Ом со 9 голови.

Најчитани вести