Зошто сега ѓубривата се поважни од нафтата?

ВОЈНАТА СЕРИОЗНО ГО ЗАГРОЗУВА СНАБДУВАЊЕТО СО ВЕШТАЧКИ ЃУБРИВА.

Постои недостиг на репроматеријали, а цената вртоглаво расте повеќе од 30% од светските пратки на уреа и околу 20% од пратките на азотни ѓубрива и фосфати минуваа низ Ормускиот теснец.

Иран, Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ, Бахреин заедно извезуваат повеќе од една третина од светската уреа, четвртина од светскиот амонијак клучни соостојки на ѓубривата кои придинесуваат за производството на отприлика половина од светската исхрана.

Само Иран произведува 10 % од глобалната понуда на уреа.

Стручњаците предупредуваат на шок на ѓубривата, времето не може да биде полошо, блокадата доаѓа во критичен момент за земјоделците, ширум северната хемисфера кои се подготвуваат за пролетната сеидба, период кога ѓубривото им е најпотребно.

Светот сега бара други добавувачи. Најлогична алтернатива е Кина. Но Кина минатата година го ограничи извозот на ѓубрива за да ги заштити своите земјоделци, оставајќи го светот со помалку опции.

Покрај тоа Кина не може да ги произведе ни вообичаените количини на ѓубрива бидејќи поголем дел од азотот кој и е потребен доаѓа од земјите западно од Оркутскиот теснец.

Пазарите веќе покажуваат знаци на стрес и претстоен шок, референтната цена на уреата во Египет скокна од 485 на 665 долари по тон за само една недела. Тоа е раст од 37%.

 Последиците се јасни кога ѓубривото ќе поскапи толку е едноставно што многу земјоделци ќе купуваат помалку.

Помалку ѓубрива значат помали приноси а помалите приноси пак значат повисоки цени на храната.

Извор – ДВ

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести