Започна фестивалот во Кан, а славната актерка била вистинска ѕвезда на вечерта.


Блејк Лајвли успеала да го добие целото внимание на црвениот тепих на фестивалот во Кан. Овие денови главна вест беше нејзината втора бременост, а сега со својот фантастичен изглед на овој престижен настан уште еднаш ни потврди дека таа е убедливо најубавата трудница.
И за време на првата бременост таа ја доби етикетата на трудница со најдобар стил, а тоа го оправдува и сега, со втората бременост. Сите светски медиуми пишуваат дека русокосата „озборувачка“ ги засенила сите останати жени во Кан.



