Зошто жените повеќе ги сакаат туѓите мажи?

Секоја жена барем еднаш во животот „фрлила око“ на маж кој веќе е зафатен. Иако повеќето од нив нема да тргнат во ваква врска, сепак постојат девојки кои исклучиво „паѓаат“ на таквите мажи, и се водат по принципот „Своето не го сакам, туѓото не го давам“. Според психолозите, постојат три главни причини:

1. Ниска самодоверба

Жените кои не се почитуваат доволно самите себеси, многу често сметаат дека не се доволно добри за да бидат нечија девојка. Тие бараат мажи кои се зафатени бидејќи тоа значи дека уште во самиот старт на врската се на второ место. Тие ќе се обидат да си ја зголемат својата самодоверба со преземање на туѓото момче, водени од логиката дека ако тој е подготвен да ја напушти другата за мене, значи дека сепак вредам.

2. Зависност од секс

Некои жени едноставно „не можат да живеат“ без секс. Не зборуваме за зголемување на либидото. Се работи за психолошко пореметување кое мора да се третира. Овие жени немаат проблем со моралните пречки ако некој човек е во врска или во брачна заедница. Целта им е само секс и нема да запрат додека не ја постигнат.

3. Чувство на контрола

Типот во врска е голем предизвик за жените кои сакаат да ги контролираат сите ситуации. Покрај тоа што тој е надвор од нејзината „контрола“, преставува и трофеј што таа мора да го има за да уште еднаш си докаже дека се е во нејзини раце. Овие жени имаат еден голем проблем: Кога конечно ќе добијат се што сакаат, сето тоа престанува да им биде интересно, па повторно трагаат по нешто „надвор од контрола“.

Најчитани вести